Рути и распоред на електрични возила во Општина Битола, како дел од проектот „Интеграција на зелен транспорт во градовите“ (Integration of Green Transport in Cities), акроним „Зелена интер-е-мобилност“ (Green Inter-e-Mobility). Цел на овој проект е воведување на интелигентен зелен јавен транспортен систем за подобрување на урбаната мобилност и зголемување на одржливоста во прекуграничните региони.
Интеграцијата на информативниот систем со надградена инфраструктура се очекува да го намали времето на патување, со што ќе ги подобри опциите за мобилност на ранливите групи, старите лица и студенти. Овој систем исто така, се очекува да промовира енергетска ефикасност со што ќе ја зајакне одржливоста на мрежата во прекуграничните региони.
Интегрираниот прекуграничен систем ќе поддржува работни и училишни патувања во Западна Македонија Регионот на Грција (Општините Лерин и Преспа) и Пелагонискиот регион на Северна Македонија (Општините Битола и Ресен).
